Бензините поскапуваат по два денари

0
226

За по два денара од ноќеска на полноќ ќе се продаваат безините во Македонија, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика. На денешната седница извршено е зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,37%, во однос на важечките малопродажни цени.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 ќе изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 49,50 ден/лит, и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,311 ден/кг.