Би-би-си за подвигот на македонскaта репрезентација: Фудбалот се игра за овие моменти

0
42

Фудбалската репрезентација на Македонија се најде на насловните страници на многу спортски медиуми по вчерашната победа над Грузија и историскиот прв пласман на Европското првенство.

За историскиот подвиг на Пандев и другарите во рамките на Лигата на нациите, простор одвои и британскиот Би-би-си.

Во својата сопортска рубрика Би-би-си објави статија во која кусо се објаснува патот на македонската репрезентација до ЕП, како и групата во која ќе играат нашите фудбалери.

На „Фејсбук“, пак, напишаа: „Видете што значи ова за нив. Еве зошто постои фудбалот“.

Британците го нагласуваат и погодокот на капитенот Горан Пандев:

„На својот 115. настап за репрезентацијата, 37-годишниот Горан Пандев го постигна голот што ќе ја испрати Северна Македонија на нејзиното прво големо натпреварување.

Дефинитивно, најголемата вечер во фудбалската историја на земјата!“

Следното лето македонските фудбалерив во групата Ц од Европското првенство ќе се соочат со Холандија, Украина и Австрија.