Богојески: Направивме чекор напред кон Македонски концепт – време е за следниот чекор

0
242

Она што ги обедини Дамјан Груев, Борис Сарафов, Тодор Александров, Хасан Приштина, Питу Гули, Шабан Шакир ќе ја обедини Македонија.Македонски концепт покажа дека единствено се грижи за иднината на оваа држава, без калкулации, без лични интереси, во служба на граѓаните. Затоа што само така може повторно да ја обединиме Македонија. Македонија држава во која владее правото, фер општество каде граѓанинот е пред се, чесни и поштени народни избраници, пратеници волонтери, без етнички партии. Македонија на Македонците. Граѓанска нација во која сите сме Македонци, без разлика на етничката или верска припадност“, изјави Петар Богојески од политичка платформа „Македонски концепт“.

„Европската визија беше јадрото, направивме чекор напред, не кон туѓ, туку кон Македонски концепт. Време е за следниот чекор”, вели Богојески додавајќи дека се во подготовка некои новитети од Македонски концепт кои ќе ги најави во текот на следните денови