Болен од корона вирусот избегал од Градска болница, полицијата го вратила назад

0
41

Бездомник од Куманово кој се лекува од корона вирусот синоќа избегал од Градската општа болница „8 септември“, но по полициската акција бил пронајден и вратен назад. МВР го потврди инцидентот.

-На 6 октомври во 21:30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од ковид-центарот избегал пациент Б. И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 2 часот и вратено во болницата, ни рекоа од МВР.

Според инфорамциите од ГОБ се работи за лицето кое во болницата било примено на почетокот на месецов со пневмонија предизвикана од корона вирусот. По лекувањето состојбата му се подобрила и тој можел да се движи. Полицијата го пронашла во близина на болницата.