Браво, Македонија конечно на европско првенство

0
35

Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство следното лето, откако ја совлада Грузија со 1-0 на гостувањето во Тбилиси во рамки на финалниот бараж натпревар.

Стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев во 56-тата минута од натпреварот по една прекрасна акција на Елиф Елмас и Илија Несторовоски.За време на целиот натпревар македонските репрезентативци покажаја силна борбеност и желба конечно да го остварат сонот Македонскиот фудбал да биде виден и почитуван во европа.Во вториот дел од напреварот Македонскиот тим имаше поголем посет на топката и имаше уште неколку шанси за гол.

Веднаш по последниот свиреж на судијата веднаш почна славјето на македонскиот тим и на селекторот Игор Ангеловски кој на неколку часа пред натпреварот и на Претседателот Стево Пендаровски му укажа дека е сигурен во победа на нашата репрезентација

Македонија на својот дебитантски настап на континенталниот турнир ќе игра во рамки на Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Градови домаќини на натпреварите од оваа група ќе бидат Букурешт и Амстердам.

Европското првенство почнува на 11 јуни 2021 година.