Браво, златен, сребрен и бронзен медал за млади математичарки на Европската женска математичка олимпијада

0
111

Три медали – златен, сребрен и бронзен – освоија млади македонски математичарки- средношколки на Европската женска математичка олимпијада. Првото место го освоила Марија Атанасова ученичка во „Јахја Кемал“, второто Јасна Илиева, ученичка во истото школо, а третото Емилија Николовска од Математичко-информатичка гимназија.

Инаку, во македонската екипа беше и Ивона Зикова од Математичко-информатичка гиманзија. Менторите на ивуе талентирани и успени младинци се проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На реномираниот меѓународен натпревар чиј домаќин годинава беше Грузија имаше 213 учеснички од 54 земји. Натпреварот се одржа во виртуелен формат, со контрола со камера. Во два натпреварувачки дена од по 4,5 часа, натпреварувачките решавале по 3 задачи

На ланскиот натпревар нашата екипа освои еден сребрен и два бронзени медала.