Бредли Бил броеше до 60, Гордон Хејворд до 44

0
29

Бредли Бил, играчот на Вашингтон Визардс ја обележа ноќта во НБА лигата. Во поразот на својот тим од Филалдлефија 136:141, тој постигна 60 поени. Бил го израмни рекордот на франшизата кој во 2006 година го постави Гилберт Аринас.

Филаделфија, со новиот тренер Док Риверс, игра во одлична форма. Овој тим има седум победи и само еден пораз. До победата во Вашингтон ги предводеше Џоел Ембид со 38 поени и 8 скока, Тобајас Херис постигна 28 поени, а Бен Симонс забележа 17 поени и 12 асистенции.

 

Покрај Бредли Бил, личен рекорд забележа и Гордон Хејворд. Кошаркарот кој на почетокот на сезоната доби четиригодишен договор од Шарлот, вреден 120 милиони долари, во победата над Атланта 102:94 постигна 44 поени.

 

Резултати:

Јута-Њујорк 100:112
Хјустон-Индијана 107:114
Кливленд-Орландо 94:105
Вашингтон-Филалделфија 136:141
Шарлот-Атланта 102:94
Бостон-Мајами 107:105
Детроит-Милвоки 115:130
Оклахома-Њу Орлеанс 111:110
Торонро-Финикс 115:123
ЛА Клиперс-Голден стејт 108:101
Чикаго-Сакраменто 124:128

Бредли Бил броеше до 60, Гордон Хејворд до 44