Бројот на активни случаеви во Скопје падна на 833: во Чаир 114, Гази Баба 103, Аеродром 99 болни…

0
290

Ново намалување на бројот на активно болни е забележано на подрачјето на скопските општини во изминатово деноноќие. Министерството за здравство соопшти дека меѓу 225 оздравени пациенти во земјава најмногу ги имало во Скопје – 146, а новозаболени се 32 скопјани. Со тоа во градот бројката на заболени изнесува 833 лица, а досега вкупно заболени се 5.588 граѓани.

Само во две скопски општини има повеќе од сто заболени лица – во Чаир 114 и во Гази Баба 103. Во Аеродром заболени се 99 граѓани, во Карпош – 86, Центар – 83, Кисела Вода – 81, Ѓорче Петров – 64, Бутел – 61, Шуто Оризари – 42 и Сарај – 21.

Во околните општини состојбата е следна: Студеничани – 18, Арачиново – 15, Илинден – 12, Сопиште – 9, Петровец – 8, Чучер Сандево – 6, Зелениково – 4. Со статус на Странец се четири лица а Нераспределен – 3.