Бројот на заразени со коронавирус во Македонија надмина 15.000 лица од почетокот на пандемијата

0
54

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, откако вчера беа потврдени 92 нови случаи на заразени.

Според последните податоци, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238 лица.

Најмногу активни случаи има во Скопје- 754, Куманово – 262, Прилеп – 152, Гостивар – 136, Тетово – 124 и Штип – 106.

Од скопските општини, најмногу заразени во моментов има во Аеродром – 112, Чаир – 85, Гази Баба и Карпош со по 82 активни случаи, Кисела Вода -80 и Центар – 76.

Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид-19.