Бруно Фернандеш го погоди 18-тиот пенал во низа

0
106

Навивачите на Манчестер Јунајтед не мораат да чекаат топката да влезе во мрежата по ударот од 11 метри за да слават погодок. Доволно е Бруно Фернандеш да ја постави топката на белата точка и веќе се знае – тоа е гол.

Откако во јануари дојде кај „ѓаволите“, Португалецот има пенал скор 7 од 7, а непогрешлив беше и синоќа во 95 минута на мечот со ФЦ Копенхаген.

Додека сите го очекуваа карактеристичниот скок пред да ја шутне топката, 25-годишниот играч од средниот ред реши да ја смени тактиката. Шутираше брзо и го совлада голманот на данскиот тим.

Фернандеш во моментов е меѓу најдобрите пеналџии, против Копенхаген погоди по 18-ти пат во низа.

Од 29 пенали изведени во кариерата, само двапати бил непрецизен и тоа во 2018. година против нисколигаш во Купот на Португалија во дресот на Спортинг и пред тоа, во дресот на Удинезе на мечот со Наполи, во 2016 година.