Цените на горивата остануваат исти

0
82

Цените на бензините, дизелот и на екстра-лесното масло ќе останат исти во согласност со одлуката од 4.8.2020 година, а зголемување ќе има на малопродажнaта цена на мазутот М-1 НС за 1,611 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра- лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 60,00 денари/литар, малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 62,00 денари/литар, малопродажната цена на „евродозелот“ (Д-Е V) изнесува 52,50 денара/литар и малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,412 денари/килограм и од полноќ ќе изнесува 26,121 денари/килограм.

Од 11.8.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 62,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 52,50 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,00 (денара/литар)
– мазут М-1 НС – 26,121 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување од 2,262 %, на дизелот – 1,045 % и на екстра-лесното масло – 1,048 %, а кај мазутот има зголемување од 3,899 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок 1,023 %.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 11.8.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.