Центар и Аеродром имаат по над 200 активно заразени од коронавирус

0
52

Центар и Аеродром се скопските општини во кои во моментот има најмногу заразени од коронавирус.

Според последните податоци, бројот на активни случаи во Скопје изнесува 1.166 лица, од кои во Центар – 210 и Аеродром – 208.

Зад нив е Каропш со 180 активно заразени лица, Кисела Вода со 131 и Гази Баба со 126. Другите скопски општини се со двоцифрен број активни случаи.

Инаку, денеска беа потврдени рекордни 317 новозаразени за 24 часа, од направени 1.990 тестирања, што е речиси 15 проценти од тестираните.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772. Во моментот бројот на активни случаи на целата територија изнесува 2.892 лица.