Челси преку Лидс стигна до првото место во Премиер лигата

0
29

Челси е новиот лидер во Премиер лигата. „Сините“ го совладаа Лидс јунајтед со 3:1 и барем во наредните 15 часа ќе биде на оваа позиција, додека своите натпревари не ги одиграат Тотенхем и Ливерпул.

Челси им дозволија на гостите од Лидс први да постигнат гол, Бамфорд го совлада менди во петтата минута. За напаѓачот на Лидс ова беше осми гол сезонава.

Четири минути подоцна, Вернер, промаши шанса која не се пормашува, а до израмнување „сините“ дојдоа во 27.минута со голот на Жиру. Францускиот репрезентативец ја продолжи голгетерската серија, во средата тој со четири гола ја победи Севилја.

Комплетен пресврт Челси направија во 67.минута, кога по корнерот што го изведе Маунт, гол постигна Зума.

Конечниот резултат го постави Пулиш во 93 минута.

Македонскиот репрезентативец Алиоски го започна натпреварот за Лидс и на теренот мина 69.минути, кога на неговото место влезе Родриго.