Челси за полувреме го растури Кристал Палас

0
56

Челси по поразот од Ливерпул и нерешениот резултат со ВБА забележаа победа во Премиер лигата. Фудбалерите на Френк Лампард го добија градскиот ривал Кристал Палас со 4:0.

Челси се мечеа во првиот дел со организираната одбрана Кристал Палас, не создадоа ниту една шанса за гол, но сето тоа го наплатија во второто полувреме.

Работата „сините“ си ја олеснија со гол во раната фаза од вториот дел. Бен Чилвел на дебито за Челси во Премиер лигата постигна гол.

Левиот бек потоа му асистирапе на Курт Зума кој погоди за 2:0, а судбината на Кристал Палас им ја запечати Жоргињо со два гола од пенал.