Црн вторник: починаа осум пациенти, 225 новозаразени од вирусот

0
39

Уште еден тежок биланс во однос на починати и новозаразени лица од корона вирусот е забележан во изминатово деноноќие во Македонија. Министерството за здравство соопшти дека се починати осум лица.

– Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје (75г. и 68г.), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65г.), од Кочани (69г.), од Струга (78г.) и Струмица (64г.), се наведува во инфорамцијата.

Во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19. Од нив во Скопје 120,Куманово 10,Штип 8,Прилеп 15,Тетово 17,Струга 6,Битола 7,Охрид 4,Гостивар 1,Гевгелија 3,Струмица 13,Крива Паланка 2,Кочани 6,Пробиштип 2,Берово 3,Виница 1,Делчево 1,Свети Николе 3,Кичево 2 и Неготино 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од:Скопје 56,Куманово 13,Прилеп 10,Тетово 10,Струга 2,Битола 3,Охрид 1,Кавадарци 2,Гостивар 9,Гевгелија 2,Струмица 14,Крива Паланка 3,Радовиш 2,Кочани 14,Пробиштип 2,Македонски Брод 1,Берово 2,Делчево 1,Свети Николе 4,Кичево 7 и Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19096, бројката на оздравени пациенти е 15645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683.