Црна Гора го одложи почетокот на школската година за 1 октомври

345

Министерството за образование на Црна Гора го пролонгира почетокот на школската година и отворањето на градинките до 1 октомври, а еден од родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат право на платено отсуство.

Црногорските здравствени власти проценија дека почнувањето на школската година на 1 септември носи ризик за здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација, која, иако е под контрола, сепак е сложена.

Во Црна Гора во моментот има 1.019 активни случаи на Ковид-19.