ЦУК: Утврдени силите и средствата со кои Армијата ќе дава поддршка на МВР и на болниците

0
41

Во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, сега во редуциран состав.

На седницата се утврдија силите и средствата со коишто Армијата ќе дава поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство, согласно Акцискиот план и Законот за управување со кризи. Тоа е во контекст на потребата за учество на дел од Армијата, согласно Стратегискиот одбранбен преглед, а што се остварува на предлог на Управувачкиот комитет по работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што, пак, е континуитет на процената на Групата за процена. Притоа, на седницата во ЦУК, конкретно се изврши определување на видот и број на силите и капацитетите на армиските единици, намена и задачи за коишто се бараат, а и времетраење на конкретни активности и ангажмани на армиската единица.

Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување.

Целта е превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.