Дегенек од Црвена звезда се сели во Гент

0
66

Фудбалерот на Црвена звезда Милош Дегенек кариерата ќе ја продолжи во Белгија, во редовите на Гент. Црвена звезда од трансферот на Дегенек ќе заработи 1.700.000 евра.

Репрезентативецот на Австралија ќе ја напушти Црвена звезда по 1 октомври, односно по натпреварот со Арарат во плејофот за пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Дегенек имал понуди и од Блеискиот исток, Кина, јапонија и Јужна Кореја меѓутоа решил да остане во Европа.

26 годишниот дефанзивец на овој начин ќе го заврши својот втор мандат во Црвена звезда. По сезоната 2018/2019 за сума од 3.600.000 евра се пресели во Ал Хилал, но по само шест месеци за 1.700.000 евра се врати назад во Белград.

Црвена звезда реши да продаде неколку фудбалери откако не успеа да влезе во плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Покрај Дегенек, клубот по мечот со Арарат ќе го напуштат Аргентинецот Матео Гарсија и Ел Фарду Бен.