Девојка тешко повредена по пад од мотоцикл

0
59

Дваесет и тригодишна девојка од Ресен настрадала откако во неделата вечерта загубла контрола врз мотоциклот кој го управувала, а поради тежината на повредите е итно пренесена во битолската Клиничка болница.

Несреќата се случила на крстосница од улиците „9-та“ и „10-та“ во Ресен, околу 19,25 часот, кога 23-годишната ресенчанка идектификувана со иницијалите В.М. управувајќи моторцикл „јуинг“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола над мотоциклот и паднала.

Младата жена се здобила со тешки телесна повреда констатирана од доктор во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.