Дончиќ во првата, Јокич во втората најдобра НБА петорка

0
51

Лука Дончиќ е избран во првата, а Никола Јокиќ во втората најдобра петорка на сезоната во НБА лигата. Во изборот на новинарите максимален број на гласови 500 добија само Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс. Најдобриот играч на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, 16 пат во кариерата е избран во најдобрата петорка во сезоната, што е рекорд во лигата.

Дончиќ е најмладиот член на идеалната петорка, покрај него Леброн и Адетокумбо, место во најдобриот тим изборија Ентони Дејвис и Џејмс Харден.

Јокиќ кој блеска во плејофот ја предводи втората најдобра петорка во лигата во која уште се и Демијан Лилард, Крис Пол, Каваи Ленард и Паскал Сијакам.