Државјанин на Албанија нападнал полицајци во Струга

0
47

Против 22-годишен државјанин на Албанија поднесена е кривична пријава бидејќи нападнал полицајци, кои го сопреле со возилото.

„Тој на 11 октомври, околу 14 часот, на улицата Партизански одреди во Струга, вербално и физички им се спротивставил на полициските службеници, кои го сопреле патничкото возило ‘мерцедес’, со албански национални ознаки, што го управувал, и презеле службени мерки кон две други лица во возилото, кои немале документи за идентификација“, велат од МВР.