Дваесет и двајца мигранти пронајдени покрај пругата во Велес

0
209

Дваесет и двајца мигранти вчера вечер биле пронајдени покрај пругата во Велес.

Според информациите на МВР, во 20.40 часот во Велес, покрај железничката пруга Гевгелија– Скопје, полициски службеници пронашле 22 мигранти, меѓу кои и двајца малолетници. Десетмина од мигрантите се од Бангладеш, седум од Пакистан и пет од Авганистан.

Тие биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ќе бидат транспортирани во Транзитен центар Винојуг-Гевгелија.