Дваесетгодишно момче загина во несреќа на Галичица

0
35

Младо момче на 20-годишна возраст денеска го загуби животот во несреќа што се случила на падините на планината Галичица. Имено, според првичните информации, жител на селото Љубаништа смртно настрадал кога се превртел тракторот со кој управувал на планинскиот пат што од Отешево преку Галичица води до магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Увидот на лице место што е во тек и истрагата треба да ги утврди околностите и причината што довела до несреќата.