Двајца починати и 155 новозаразени лица од вирусот

392

Починале 2 пациенти, а новозаразени се 155 лица во Македонија. Ова пред малку го соопшто Министерството за здравство преку Фејсбук.Во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 51-Куманово 11-Дебар 2-Штип 13-Прилеп 4-Тетово 10-Струга 3-Битола 1-Охрид 6-Кавадарци 14-Гостивар 22-Гевгелија 1-Пробиштип 1-Демир Хисар 4-Македонски Брод 5-Виница 2-Кичево 3-Неготино 2Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти.Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428