Двајца затвореници се обиделе да силуваат 19-годишен затвореник

0
61

Обид за силување е пријавенo вчера во СВР Охрид од охридскиот затвор, соопшти полицијата.

Во полицискиот билтен е регистрирана пријава од 15.09.2020 во СВР Охрид, на вработен во Казнено поправната установа -Затвор Охрид, кој заедно со 19-годишник од Струмица, затвореник во охридскиот затвор, пријавиле обид за обљуба.

-На 09.09.2020 околу 03.00 часот, во собата на  19-годишникот насилно влегле осудениците Ч. и С. и се обиделе да извршат обљуба врз него. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.