Џез-легендата Чик Корија почина на 79-годишна возраст

0
61

Чик Корија, џез-музичар добитник на наградите „Греми“, почина на 79-годишна возраст, наведено е на неговата веб-страница.

Кариерата на култниот џез-пијанист траеше повеќе од пет децении. Неговиот последен албум беше објавен во 2020 година. Корија е четврти најноминиран уметник во историјата на наградите „Греми“ со 65 номинации, победувајќи 23 пати.

Тој починал на 9 февруари од редок вид на рак, кој бил дијагностициран неодамна.

Кореа свиреше со Мајлс Дејвис кон крајот на 1960-тите, а неговата група, Return to Forever, беше во првите редови на движењето џез-фузија (движење за фузија на џезот).

Во светот беше познат и како композитор на многу хитови како Spain и 500 Miles High.