Експерименталната вакцина во Кина ја примија околу милион луѓе

0
33

Милион граѓани веќе ја примиле експерименталната вакцина против коронавирусот на кинескиот фармацевтски гингант „Синофарм“ во рамките на итната програма на одобрена од кинеските власти.

Дел од виролозите сметаат дека ова е научно експлоатирање на граѓаните, додека пак директорот на гигантот посочи дека речиси и да нема нус појави кај оние кои се вакцинирале.

Кина веќе подолг период добро се справува со коронакризата, а откако се откриени девет позитивни случаи во градот Тијанџин, властите одлучија да спроведат 3 милионско тестирање на населението.