Експлозија во маркет во Холандија, трета по ред за два дена

0
47

Уште еден супермаркет, трет по ред за два дена, денеска е тешко оштетен во експлозија во холандскиот град Бевервик во близина на Амстердам.

Никој не е повреден во експлозијата, а холандските медиуми наведуваат дека продавницата била во сопственост на истото лице, како и супермаркетот во Алсмер, кој вчера беше оштетен во експлозија.

Во тек е истрага за инцидентот.