Елмас: Ќе играме за себе, за тимот и за целата држава

0
30

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четврток, од 18 часот во Тбилиси ќе го одигра најзначајниот натпревар во својата историја. Грузија е последната пречка на патот на Македонија кон Европскиот шампионат.

Еден од клучните играчи во пресметката со Грузија треба да биде, Елиф Елмас. Фудбалерот на Наполи, поради короанвирусот, не играше во полу-финалето со Косово, а сега е подготвен заедно со соиграчите да го оствари најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал.

– Не очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тежок натпревар, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90 минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство.