Ериксен во јануари го напушта Интер

0
47

Италијанските медиуми тврдат дека Кристиан Ериксен во јануари најверојатно ќе го напушти Интер.

Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Данецот беше блиску до напуштање на Интер во летниот преоден рок, но сепак остана во Милано. Меѓутоа, работите не се променија, па сега и „нероаѕрите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.

Интерес за Ериксен покажуват Борусија Дортмунд и ПСЖ, а медиумите тврдат дека Данецот е поблиску да го облече дресот на „милионерите“.