Ерменското министерство за одбарана: Азербејџан претрпе големи загуби

0
76

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акркрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во судирот во Нагорно-Карабах и дека биле убиени околу 200 азербејџански војници, додека билансот на ерменската страна бил 17 убиени и над 100 ранети.

Претседателот на непризнаената репувлика Нагорно-Карабах, регион во Азербејџан со мнозинско ерменско население, Араик Харутијунјан, рече дека азербејџанската армија користела турски авиони Ф-16, кои биле во Азербејџан еден месец за воени вежби.

Тој додаде дека тоа покажува оти Азербејџан го користела најмодерното оружје со кое располага турската армија за време на нападот на Нагорно-Карабах.

Харутијунјан наведе дека за време на нападот биле убиени десетици ерменски војници, а биле убиени и цивили.

Борбите во Нагорно-Карабах траеја и во текот на ноќта, а продолжија и утринава.