ЕУ да покаже повеќе сериозност кон Македонија, а нашите политичари повеќе достоинство

0
34

Бевме уверувани со години дека Унијата е најправичното место на планетата. Од многу работи се откажавме како македонски народ, баш како што тие бараа, и сега пак си поигруваат со нас и не држат пред заклучените европски порти. Не лажат,  вели Јован Н.

Власта ги исполнува желбите на Грција и Бугарија… Како очекуваме влез во ЕУ. Европа никогаш нема да ја прими оваа “држава” која самата си го продава своето име, идентитет и историја, смета Јордан Ивановски

Сака ли ЕУ навистина во своите редови да ја види Македонија? Брисел се однесува ли сериозно кон Скопје? Прифаќаат ли македонските граѓани и понатаму да бидат вака третирани од Унијата која вели дека е центарот на демократијата? Колку желбата за членство во ЕУ е силна во Македонија, а колку се бараат и други решенија? Овие и многу други слични прашања се отвораат се почесто во македонската јавност.

Голем дел од граѓаните се уморни од „принципиелноста“ на евро-атлантската меѓународна заедница која има непостојани критериуми за тоа што е кршење на меѓународното право. Разочарани се и од односот: „еве ви ветувања, ама ќе попричекате да ги исполниме“.

-Бевме уверувани со години дека Унијата е најправичното место на планетата. Од многу работи се откажавме како македонски народ, баш како што тие бараа, и сега пак си поигруваат со нас и не држат пред заклучените европски порти. Не лажат. Време е ЕУ да покаже дека е сериозна кон нас, во спротивно веќе не сум сигурен дека треба да сме им слепи послушници, треба сами да си го бараме чарето, дециден е Јован Е., кој додава дека сака да е член на ЕУ, но не по секоја цена.

Повеќе анкети за расположението и ставовите на граѓаните покажуваат дека многумина мислат како Јован. Граѓаните се помалку веруваат во приказната за членство во ЕУ, се сметаат излажани, некои бараат дури и вртење кон други партнери.

Нивната волја не е доволна

Новиот бран на разочарување деновиве го вклучи изјавата на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел дека „не може да ни вети датум за почеток на преговорите, но може да вети волја“. Изјавата дојде по цела серија на одложувања на определување на фамозниот „датум“ за датумот кога Македонија само ќе почне долго да преговара со ЕУ за членство.

17 години е така. Еднаш една држава не кочи, па друга ја сменува во иостата улога, па ЕУ менува методологија, па трета држава не кочи… А во меѓувреме, од официјалан Брисел, како и сега од Борел, само добиваме пораки дека „многу ве сакам,е во ЕУ“, “местото ви е во ЕУ“, „има расположение“…

-Македонскиот народ е многу разочаран од ЕУ и нивното лицемерие и лаги. Веќе не ни треба таква лицемерна ЕУ. Односот на Европа кон Македонија отсекогаш бил дволичен. Европа продолжува да не лаже и ги спроведува своите двојни аршини, ни вели Димитар Толевски.

Неодамнешна анкета на ИРИ покажа дека околу 40 проценти од наши граѓани сметаат дека Евроазиската унија е алтернатива за ЕУ.

Инаку, разочараност кај граѓаните доаѓа и од тоа што македонските власти прават се што се бара од нив, се попушта, се прифаќаат сите условувања и понижувања. Се прифаќаше промена на државното знаме, потоа и име, се откажавме од грижата за Македонците во соседните земји…

– Кажете ми барем една држава во светот што направила толку отстапки, а за возврат не добила ништо? Од толку лаги за секојдневни настани, повеќе и во нашите политичари немам верба, а камо ли во европските, ни вели Синиша Дракуловиќ.

Македонските граѓани сакаат да видат демократичност во ЕУ. Тоа изостануваше и во случајот со спор со Грција, така е и сега со апсирдните ултиматуми од Софија. Тие сакаат да видат и македонски политичари со исправени „кичми“ кои ќе му укажат на Брисел дека е доста со неисполнети ветувања и додавања на нови и нови барања.

-Македонските политичари дури и мислат дека разочарувањето на народот е резултат на пропаганда и влијанијата на другите опции, а не дека тие и Брисел се причината. Затоа и нема подобрување на односот кон народот, беше една од реакциите која деновиве ја добивме преку интернет.

 Двојни стандарди за меѓународното право

Војната во Украина ги потсети евро-функционерите дека Западен Балкан е заборавен регион во Европа. Тоа предизвика нов бран на нивни изјави дека е време да се оди напред со негова евроинтеграција. Но, како да оди напред евроинтеграцијата на Македонија кога имаат членка која тоа го блокира? Значи ли ова дека ЕУ сега ќе  притиска македонско-бугарски компромис што побрзо да биде донесен? Ќе значи ли тоа притисок за ново македонско попуштање за да се задоволат барањата на ЕУ и нејзина членка? Пак ли нема да има демократичност? Од овие прашања стравуваат граѓаните.

-Власта ги исполнува желбите на Грција и Бугарија, колку и да се тие омаловажувачки, само да се одржат на власт. Подготвени се докрај да ја распродадат Македонија, македонскиот народ, македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура, македонските идеали и се што е македонско. Ова го гледа Европа, Америка и целиот свет. Како очекуваме влез во ЕУ. Европа никогаш нема да ја прими оваа “држава” која самата си го продава своето име, идентитет и историја, смета Јордан Ивановски.

ЕУ деновиве нон-стоп укажува за прекршено меѓународно право во случајот на Украина. Рускиот лидер рече дека „Русите и Укринците се еден народ, дека Украина е нераскинлив дел од руската историја и дека Украинците ги создале комунистите“. Но, на еврофункционерите не им се влечеа паралелите и сличностите меѓу зборовите на Путин и она што се зборува за Македонија и Македонците од Софија. А тоа во јавноста го препознаа сите, дури и идеологот на западната либерална демократија Френсис Фукујама укажа дека е така.

-Очигледно ЕУ има двојни аршини кои ги применува. Постапува дволично, ја толерира Бугарија за нејзините нехумани и неаргументирани барања. А со тоа македонското барање и очекување се оддложува во недоглед, смета Олгица Јосифовска.

Дали по она што се случува во Украина ЕУ ќе реши да го смени својот однос кон почитувањето на меѓународното право? Ќе покаже ли Брисел дека граѓаните на Македонија оправдано со години се усмерени кон членство во ЕУ?

 Да почекаме ЕУ да си ги реши внатрешните проблеми

Брзањето на Владата во Скопје да се преговара со Бугарија во овие времиња на големи премрежја е можеби и погрешно. Дека не треба да се ита во една прилика дури укажуваше и претседателот Пендаровски. Слично размислува и скопјанецот Емил.

-ЕУ особено сега во овие силни кризи и на крај памет не и е да се проширува со нови членки. Треба да се почека со преговорите со Бугарија. Брисел сигурно ќе се реформира и траснформира, потоа ќе се покаже дали е за нови членки или не. До тогаш ние треба дома да си ја средуваме државата, но со овие политичари тоа тешко ќе оди, ни коментирање тој,