Европската агенција за лекови забрзано одлучува за одобрување на лек против коронавирусот

0
313

Европската агенција за лекови (ЕМА) забрзано започна со проценка на апликациите за одобрување и пуштање во промет на лекот Dexamethasone Taw.

Тоа е лек што се користи за лекување на возрасни лица хоспитализирани со Ковид-19.

Студија во јули покажа дека третманот со дексаметазон го намалува бројот на смртни случаи меѓу хоспитализираните пациенти со тешки респираторни проблеми предизвикани од коронавирусот.

Пациентите биле набљудувани во период од 28 дена, од починатите 29 проценти биле третирани со дексаметазон наспроти 41 процент од оние кои биле на стандардна нега. Тоа е релативно намалување на смртноста за околу 35 проценти. Меѓу пациентите кои примале кислород без механичка вентилација, починале 23 проценти од оние третирани со дексаметазон во споредба со 26 проценти од оние третирани со стандарден третман.

Лековите што содржат дексаметазон се користат со децении.