Европската комисија одобри купување до 300 милиони дози вакцина против Ковид-19

0
35

Европската комисија одобри купување до 300 милиони дози вакцина против Ковид-19 од компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“.

Фармацевтските компании „Фајзер“ од САД и германски „Бајонтек“ во понеделникот објавија дека нивната експериментална вакцина има ефикасност над 90 проценти во спречување Ковид-19 врз основа на првичните податоци од големата студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата.