Европската комисија почна со набавка на роботи за дезинфекција на болници

0
43

Европската комисија започна со набавка на 200 роботи за дезинфекција на болници во вредност од 12 милиони евра, кои ќе бидат доставени до болниците низ Европската унија.

Болниците од повеќето земји-членки изразија интерес за такви роботи кои можат да дезинфицираат стандардни болнички соби користејќи ултравиолетова светлина во рок од 15 минути.

Целиот процес го контролира лице кое е надвор од просториите за да не биде изложено на ултравиолетови зраци.

Роботите треба да бидат испорачани во следните неколку недели, а средствата за набавка се обезбедени преку Инструментот за итни случаи (ЕСИ).