Фатени 55 мигранти избегани од товарно возило

0
39

На локалниот пат кој води кон село Триводи, Струмичко, полициски службеници забележале товарно возило „ивеко”, без регистарски ознаки. Возачот, откако го забележал службеното моторно возило, запрел, излегол од товарното возило и побегнал, заедно со лицата кои биле во возилото.По извршениот преглед и претрес на теренот биле пронајдени 55 мигранти. За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.