Франција најави засилени гранични контроли во ек на ски-сезоната

0
50

Франција ќе спроведе засилени гранични контроли на границите со Швајцарија и Шпанија, изјави Жан Кастекс.

„Целта е да се спречат француските граѓани да се заразат, а ние ќе го сториме тоа со воведување на случајни гранични контроли“, рече Кастекс.

Тој истакна дека француските скијачки центри остануваат затворени за време на Божиќните празници.

Покрај случајните контроли, премиерот најави можност за воведување седумдневен карантин за Французите кои ќе се решат да ги поминат своите одмори во скијачките центри во соседните Швајцарија и Шпанија. За карантинот ќе одлучуваат властите на пограничните региони.

Мерките за ограничување на пристапот до странските скијачки центри не се однесуваат на прекуграничните работници.

Германија и Италија ја делат позицијата на Франција, но Австрија, Швајцарија и Шпанија се спремни да ги отворат своите скијачки центри. Кастекс верува дека, сепак, може да се постигне европски договор за ова прашање.

За време на првиот бран на пандемијата на коронавирус, некои скијачки одморалишта беа жариште за ширење на вирусот, забрзувајќи го ширењето на инфекцијата низ цела Европа.