Франција втор ден по ред бележи рекорден број заболени од коронавирус

352

Денеска во Франција се регистрирани 6.111 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од укинувањето на карантинските мерки.

Ова е втор по големина дневен биланс снимен од почетокот на епидемијата.

Само на 30 март, на врвот на пандемијата, регистрирани се повеќе новозаразени лица – 7.548, пренесува „Ројтерс“.

Вкупниот број на заразени изнесува 259.698, соопшти Министерството за здравство.