Функционерите на ДУИ казнети со по 20 евра за групирањето на прославата на Ахмети

0
35

Министерството за внатрешни работи им врачило платни налози за неносење на заштитна маска на сите 15 функционери од ДУИ кои на 4 јануари се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем, славејќи го роденденот на партискиот лидер, Али Ахмети, без почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Од МВР потврдуваат дека платните налози се врачени, со објаснување дека како и за сите граѓани, така и за функционерите, важи правилото дека ако ја платат казната за неносење маска во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

Според извори од истрагата, се врши координација за изрекување на кривична пријава, со цел дополнително казнување.