Грчкиот Forthnet официјално станува дел од United Group

0
51

Грчкиот телекомуникациски и pay-TVпровајдер Forthnet S.A официјално стана дел од United Group, водечкиот давател на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа.

 

 

Влегувањето на United Group нагрчкиот пазар е уште едно достигнување во нејзината Европска стратегија за раст и понатаму ја зацврстува позицијата на групата со седиште во Холандија како лидер во индустријата, која работи во осум земји од регионот.

Викторија Боклаг, Главен Извршен Директорна United Group: „Задоволство ми е да им посакам добредојде на нашите колеги од Forthnet во семејството на United Group. Имаме амбициозни планови за компанијата што ќе се имплементираат со новиот менаџерски тим. Брендот Forthnet Nova е добро етаблиран во Грција и гледаме многу потенцијал за бизнис.”

Таа продолжи: „Имаме можност да донесеме на грчкиот пазар повеќе содржини и повеќе опции во забава и спортот за да се поттикне раст на pay-TVуслуги. Уверени сме дека со приме на нанашата експертиза во области како што се содржини и технологија, во комбинација со нашата поширока телекомуникациска понуда, можеме да испорачаме врвно корисничко искуство и да ги реализираме нашите цели за бизнисот. “

United Group, кој е во мнозинска сопственост на BC Partners, објави во јуни дека се согласи за почетната аквизиција на уделод приближно 36% воФортнет. Одтогаш, United Group гозголеми својот удел на околу 80%. До крајот нагодината, откако компанијата ќе ја заврши конверзијата на конвертибилниот долг на Фортнет, нејзиниот удел ќе се искачи на околу 85%.

Forthnet е провајдер на услуги за домашна забава и комуникациски услуги во Грција, со околу 1.000 вработени и скоро 1,4 милиони единици за генерирање приходи (RGU). Forthnet им нуди на своите клиенти повеќеод 60 direct-to-home (DTH) канали преку брендот Nova.

Купувањето на Forthnet е трета голема трансакција на United Group запомалку од една година, по аквизициите на хрватските Tele2 и бугарскиот Vivacom. Заедно аквизициите ја зголемија големината на компанијата до 1,7 милијарди евра од про-форма приходите.

Работеј ќи и во телеком и во медиумскиот сектор, платформата на United Group ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на содржини во Југоисточна Европа. Компанијата има повеќе од 10 милиони претплатници и 11 илјади вработени.