Германија во паника: Одморите се, а Турци се враќаат во земјата

451

Германската влада стравува дека големи семејства со турско потекло би можеле да донесат коронавирус во Германија по одморот во Турција.

Досега за оваа тема се разговарало зад затворени врати, а сега, според пишувањето на „Билд“, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Мигел Бергер, во дописот до владата, официјално укажал на овој проблем.

Бергер ја предупредил владата дека амбасадата на Турција очекува дека оваа година од Германија во Турција патувале околу еден милион луѓе и покрај предупредувањето за патување кое е издадено.

Тој бара зголемување на бројот на тестирања за време на влез во земјата.