Германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт, најави обука на украински војници на германска територија.
„Заедно со американските пријатели работиме на обука за украински војници на германска територија“, рече таа во американската база „Рамштајн“, каде што украинските војници ќе се обучуваат за западни артилериски системи.
Таа најави и дека Германија заедно со Холандија ќе обучува украински војници за употреба на хаубици, како и дека ќе ѝ стави на располагање муниција на Украина.
Таа во своето обраќање на конференцијата во Рамштајн, како што пренесуваат германските медиуми, рекла и дека Германија одлучила да овозможи испорака на тенкови „Гепард“ во Украина.