Главната сестра на инфективна: Да носиме маска, секој човечки живот е важен

330

Зорица Љубичиќ, која работи како главна медицинска сестра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби порача да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот бидејќи секој човечки живот е важен.

Нејзинот апел го сподели на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче.

„Заштитната маска, веќе седми месец ми е составен дел од облеката, но и од начинот на секојдневно функционирање. Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен“, апелира Љубичиќ.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Ffilipce.venko%2Fposts%2F2469442200029465&width=500