Голем раст на бројот на новозаболени во Словенија, 41 нов случај

0
43

Бројот на новозаболени во Словенија е зголемен за 41 лице во последните 24 часа, објави словенечката влада на „Твитер“.

Владата наведува дека со коронавирус се заразени вкупно речиси 3.000 луѓе.

Од 2.924 пациенти со Ковид-19, 468 се активни случаи, а 25 се пуштени од болничко лекување, објави агенцијата СТА.

Од 24 август, нема смртни случаи кај ковид-пациенти во Словенија.