Гори зградата на СЕП и МИА, луѓето се евакуирани

0
287

Се запали зградата на Секретаријатот за европски прашања и на Македонската информативна агенција. Според очевидци на терен најстрашно е во моментот на првиот кат каде се наоѓа Државниот инспекторат за животна средина.

Неколку противпожарни возила се обидуваат да се изборат со огнените јзици. Евакуирана била и целата зградата на СЕП и МИА. За среќа, работниот ден во овие институции почнува во 8.30, па во зградата немало луѓе.

Скопската пожарна и останатите надлежни најавија детали во текот на денот за причините за избувнувањето како и материјалната штета.