Гостиварец осомничен за убиство на неговата сопруга, ја нападнал со нож и секира

0
33

Шеесет и седумгодишен жител на Гостивар е осомничен за убиство на неговата сопруга. Според информациите на Обвинителството, тој со нож и секира ѝ нанел повеќе убодни рани на жената од кои починала. Осомничениот е во бегство.

Настанот бил пријавен утринава околу 7 часот од синот на жртвата, гостиварка на возраст од 60 години. Осомничен за стореното кривично дело е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого жртвата подолго време имала нарушени односи.

„Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место, кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата“, соопштија од Обвинителството.

Осомничениот е во бегство.