Грковска: Јовески не треба да биде уставен судија

33

Актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија, смета Славица Грковска, вицепремиерска задолжена за политики за добро владење во македонската Влада. Во вчершаното интервју во „Топ тема“ на телевизија Телма таа објасни дека Јовески не покажал добри резултати во работата.

-Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија, изјави Грковска.

Владата, вели таа, ги направила сите предуслови што се барале од неа, како зголемување на буџетот на обвинителствата, вклучително и вработувањата.

-Меѓутоа, Владата не може да го организира јавниот конкурс и изборот на истражители. Тоа е, сепак, обврска на правосудните органи, вели Грковска.

За Јовески, кој за уставен судија е предложен од владеачките партии, се уште не е завршена дебатата во собраниската Комисија за избори и именувања. Тој не е формално утврден како кандидат за уставен судија за кој пратениците би се изјасниле на пленарна седница. Опозициските пратеници во Комисијата ја развлекуваат дебатата и предлогот не може да дојде до гласање.