Груби: ДУИ ќе има 5 заменици министри и 5 државни секретари

377

Заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на прес-конференција во Владата најави дека ДУИ ќе има 5 заменици министри и петмина државни секретари.

„ДУИ ќе има заменици министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за правда. Ќе има и пет државни секретари“, изјави Груби.

Тој очекува деновиве да бидат заокружени и објавени нивните имиња.

Како што рече, со СДСМ договорена е и замена на некои од директорските места.

„Всушност тоа не е поделба, туку станува збор за замена на ресорите. На пример, АД Пошта со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни“, изјави Груби одговарајќи на новинарски прашања.

Тој истакна и дека кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери,  нема да се вработи во министерството, но ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти.