Хаос во кафуле на Кеј: Британец дивеел, а потоа и агресивно се однесувал кон полицајци

0
55

На 27.04.2022 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Кеј „13-ти Ноември“, во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир.

Од полициски службеници од Полициската станица Центар било излезено на местото на настанот и било констатирано дека И.Л.Т.(48) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир на јавно место со карање, викање и дрско однесување, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Исто така и Н.Ј.Д.(34) од Велика Британија го нарушил јавниот ред и мир и постапил спротивно на наредба на полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тие биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка