Хероите од нашето маало

0
147

Додека нашиот „надворешно евроатлантски двомоторец“ се труди да остави свеж впечаток среде Париз, во контролната кула во Скопје, повторно падна системот. А штотуку им пренесоа на парижаните дека конечно е стокмен закон според кој никој, ама баш никој нема да биде гонет поради сомнение за вмешаност во „висока корупција“ без оглед на политичките убедувања. Добро, тие се две три, но се важни „политички уверувања“.

Едвај го прекршивме вториов месец од годинава, а сдсмовските првенци прв пат годинава на „загрижената јавност“ и соопштија -ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција! Не за….ј! ДУИ+ДПМНЕ=криминална коалиција, а ДУИ+СДСМ= веројатно некриминална коалиција?

Крстете се во Крсто да ви ја најде вратата, вам „ламбите” ви се одамна прегорени. Вие што на врат-на нос си го избравте Талат како што си го избравте, сега се каете што со време не сте му отвориле профил на ФБ, па сега го видовте вистинското „криминално лице”? А досега мижави ли бевте? (што би рекле старите)

Каде се „изгуби” кривичната пријава поднесена од вас за актулниот „евроатлантски мотор”? Или, сега се ли е во ред со Венецијанската Комисија?

Со сиот респект кон намерите, политичките одлуки, последиците од нив, никому ли не му паѓа на ум дека шансите да „добиете” конечно датум во име на земјава за преговори со ЕУ се навистина изгледни, но шансите земјава, ваква каква што е, истите и да ги заврши се минимални?! За какви „западни” за какви „европски” вредности зборувате со овој кастинско-феудален пристап?

p.s. Ако веќе одите накај Загреб, и ако налетате на некој Далматинец, прашајте го што значи – А ча си мислија ка си са попија?

Автор: Ѓорѓи Трендафилов, претседавач на НК на ГДУ